Суровиот шеќер нема да се оцаринува!

Bez autora
Nov 01 2011

Од 1 јануари 2012 година значително се намалуваат царинските давачки за повеќе од стотина стоки, полупроизводи, суровини и репроматеријали од разни индустриски дејности. Оваа поволност за стопанството ја најави вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески на отворена владина седница каде потенцираше дека новината е дел од предложените измени на Законот за царинска тарифа, а со нив се очекува раздвижување на економијата и поддршка на бизнис-заедницата. Промените се донесени врз основа на досегашните барања и контакти со бизнис-заедницата. Тие очекуваа да го направиме она што го ветивме во нашата програма, иако можеби економскиот амбиент сега не е најповолен за ново намалување на царини, бидејќи од аспект на Владата и државата тоа ќе значи намалување и на приходите во Буџетот.

Суровиот шеќер нема да се оцаринува!Од 1 јануари 2012 година значително се намалуваат царинските давачки за повеќе од стотина стоки, полупроизводи, суровини и репроматеријали од разни индустриски дејности. Оваа поволност за стопанството ја најави вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески на отворена владина седница каде потенцираше дека новината е дел од предложените измени на Законот за царинска тарифа, а со нив се очекува раздвижување на економијата и поддршка на бизнис-заедницата.

- Промените се донесени врз основа на досегашните барања и контакти со бизнис-заедницата. Тие очекуваа да го направиме она што го ветивме во нашата програма, иако можеби економскиот амбиент сега не е најповолен за ново намалување на царини, бидејќи од аспект на Владата и државата тоа ќе значи намалување и на приходите во Буџетот - кажа Ставрески.

Владината поддршка е насочена кон прехранбената индустрија и производство на сокови преку укинување на царинските давачки за бел шеќер од 30 на 5 отсто, а ќе се намалат на нула проценти давачките за суров шеќер, за рафинирање од шеќерна репка, друг суров шеќер од шеќерна репка и меласа.

- Се укинуваат давачките од 5 на 0 проценти на низа репроматеријали за производство на пире за сокови и концентрат од овошје кои не се одгледуваат кај нас - потенцираше Ставрески и додаде дека се воведуваат нови национални тарифни ознаки за распоредување репроматеријали за сокови, со што се намалуваат и царинските давачки за истите. Се укинуваат целосно царинските давачки за полиетиленски фолии што се користат во амбалажата на прехранбени производи.

Од Групацијата на кондиторски производители при Стопанската комора на Македонија вчера ја поздравија оваа владина која се поистоветува со нивното барање царината стапка за увоз на шеќер да изнесува 5%.
Според Васко Ристовски од Стопанската комора на РМ, со оваа мерка ќе се стимулира производството на шеќерна репка, што во последно време е замрено, но истовремено ќе влијае и на намалувањето на увозот на кондиторски производи со послаб квалитет од други земји.

- Одлуката што ја донесе Владата во февруари годинава со што царинската стапка се намали од 30% на 5% се покажа како крајно позитивен чекор бидејќи влијаеше на успешното работење на производителите на кондиторски производи и сокови - вели Ристевски. Тој укажа дека оваа одлука е со важност до 31 октомври годинава, но министерот Ставрески вчера нагласи дека одлуката се продолжува уште три месеци, со тоа ќе се одржи континуитет и кога Законот ќе стапи на сила.

Ристовски информира дека годишно домашната кондиторска индустрија и производителите на сокови трошат меѓу 40.000 и 45.000 тони шеќер. Прехранбената индустрија, која е една од најмоќните стопански гранки во Македонија, со намалената царина на шеќерот овозможи конкурентност на своите производи на домашниот и регионалниот пазар.

Ставрески најави дека од 2012 година се укинуваат и царинските давачки за семенски материјали што се користат во земјоделството, се врши укинување на царинската давачка за увоз на мотокултиватори за да биде понизок трошокот за семенски материјал и да се зголеми продуктивноста на работењето. Во областа на спортот Ставрески укажува дека се укинуваат и царинските давачки за низа спортски производи, како скиите, сноубордите, производи и опрема за пинг понг, гимнастички справи за вежбање, тениски рекети и слично.

Измени на царинскиот закон ќе има и од 1 јануари 2013 година кога ќе бидат укинати сите царински давачки за автобуси и минибуси и тоа од сегашните 10% до 15%, ќе се сведе на 5%. Укинување е планирано и за царинските давачки наменети за вагони за железницата од 4% на 0%, а во делот на поддршка на автомобилската индустрија се предвидува укинување на царините за репроматеријали и производство на резервни делови за автомобили од 15% на 0% и во делот на индустриското производство за голем број компании имаме укинување на царината на голем број алатни машини што се користат во металопреработувачката индустрија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik